Неодамна излезе извештајот уреден од Лина Ќостарова-Унковска и Емилија Георгиевска-Наневска, во издание на Центар за психосоцијална и кризна акција – Малинска (ЦПКА), во кој се претставени резултатите од Студијата за однесувањата поврзани со здравјето кај децата од училишна возраст во Македонија (HBSCM) од 2014 година. Податоците се добиени на репрезентативен примерок од 4.219 ученици, на три возрасти, од двете најголеми етнички заедници во Македонија, албанската и македонската, според наставниот јазик на учениците, и се презентирани и обработени во четири генерални теми: социјален контекст, актуелни исходи по здравјето (ментално здравје, позитивното здравје, хронични болести, итн.), здравствени навики и ризични однесувања кај младите. Ова издание за прв пат содржи компаративни развојни трендови, низ годините, за мноштво здравствени индикатори.
Истражувањето е спроведено од тим истражувачи при Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска (ЦПКА) и Институтот за јавно здравје на Република Македонија.
***
The report, co-edited by Lina Kostarova-Unkovska and Emilija Georgievska-Nanevska, published by the Centre of Psychosocial and Crisis Action – Malinska (CPCA), presents results from the Health Behavior in School-aged Children in Macedonia (HBSCM), a study carried out by a team of researchers from CPCA and Institute of Public Health in Republic of Macedonia. The findings have been obtained in 2014 on a representative sample of 4.219 pupils, at three different age-groups, belonging to the two biggest ethnic communities in Macedonia, the Albanian and the Macedonian one. The findings are split and discussed under four large themes: social context, health outcomes (including mental and positive health, chronic conditions, etc.), habits in health, and risk behaviors. In addition, this publication presents comparative developmental trends, through the years 2002 -2014, for majority of the presented health and behavior indicators.
Share this:
Напишете коментар