Виенската ХБСЦ средба, јуни, 2015/ HBSC meeting in Vienna, June, 2015

Виенската  ХБСЦ средба на истражувачи од 38 земји, помина во духот на промени. Новото раководство со Joe Inchley и Dorroty Curry, го презеде кормилото на Студијата, за следните четири години. Со тоа Студијата останува врзана за Универзитетот Св. Ендрјус, еден од најстарите Универзитети во Британија. Проф  Candace Curry, досегашниот координатор, по 20 години извонредно лидерство замина на нова функција, раководител на  регионалниот центар на СЗО за Европа, за адолесцентно здравје. Се кажаа многу зборови на благодарност, сеќавања и желби за иднина. Се разменија подароци, спомен албуми со пораки и фотографии, се одржаа повеќе средби, вечери и седенки. Дури и таква на ветераните на студијата, на која присуствував и јас.  Се додели и првата награда за извонреден придонес на Студијата на ветернот, екс-координаторот на Данска, Prof. Bjorn Holstein.

Фотографии по редослед: Joe Inchley; Candace Curry; Bjorn Holstein ја прима наградата за извонреден придонес на студијата; наградата.

Промени се случија и со вклучување на нови луѓе од страна на СЗО, за поддршка на Студијата, и за уредување/пишување  на меѓународниот извештај, кој треба да се појави  кон средината на март, 2016. За промени се говореше и во работните фокус-групи, во кои повторно се дискутираше обемот и содржината на прашалникот,  за  2018 година, со висока согласност за скратување на мандаторниот прашалник, за да остане валиден инструмент за мониторирање на стостојбите.

Дел од работната атмосфера

За местото на раководител на банката на податоци, со успешна презентација, повторно се пријави досегашниот координатор, Др.Одрун Самдал од Универзитетот во Берген. Гласањето за нејзиниот избор е во тек.

Стручниот дел од семинарот се состоеше од традиционален симпозиум со презентации од концептуално-методолошки, политички, и тематски дискурс.

И сето тоа во прекрасниот амбиент на  Europa House, во еден од зелените појаси на Виена.

Лина Ќостарова-Унковска

Share this:


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *