Во трудот кој што можете да го симнете овде, истражувачите ги анализираат трендовите на физичко насилство кај младите во 30 земји, во текот на 8 години. Генералниот наод укажува на намалување на трендот на насилство меѓу младите во најголем број од земјите и, исто така, укажува на поврзаност меѓу ризикот од насилство со „апсолутното богатство“ на земјата, но не и со „социоекономските нееднаквости“.
Од друга страна, специфично за Македонија е тоа што таа е една од земјите што не го прати овој тренд на намалување. Напротив, Македонија е една од неколкуте земји која што (според индикаторите на сиромаштија и социоекономска нееднаквост) е под ризик за пораст на насилство.
Напишете коментар