Високата преваленца на сексуални искуства кај 15-годишните момчиња, како и високата меѓуродова диспропорција од 12:1 на сексуално активни момчиња наспроти девојчиња, по кои тие далеку отстапуваат од европските просеци, се важни одредници на сексуалното однесување на младите од Македонија.
Со пораст на сексуалните искуства, се зголемува употребата на кондоми кај младите во Македонија, а со тоа се подобрува и нивната заштита од несакана бременост и сексуално преносливи болести. Сепак, девојчињата значително поретко од момчињата умеат да се заштитат и при првиот и при последниот сексуален однос. Особено е висока меѓуродовата диспропорција при првиот сексуален однос меѓу етничките Албанци, и до 9:1, во соодносот момчиња и девојчиња.
За повеќе информации кликнете на следниов линк: https://hbscmacedonia.wordpress.com/resources/factsheets/
Shere this:
Напишете коментар