Лина Ќостарова-Унковска / Lina Kostarova-Unkovska
Лина Ќостарова-Унковска е клинички психолог, специјалист за психологија на траума и криза и главен истражувач во македонскиот ХБСЦ тим, од 1998 година. По 20-годишна работа на Универзитетот во Скопје, како предавач на предметите клиничка психологија и ментално здравје, го основаше Центарот за психосоцијална и кризна акција, како независна професионална агенција. Во рамки на центарот се организираат проекти, интервенции и акции како одговор на итната потреба за психосоцијална помош и поддршка на индивидуалци, групи и заедници под ризик, а особено деца и млади кои се соочуваат со сиромаштија, социјална нееднаквост, загрозување на човековите права, во периоди на многу изразена и турбулентна трансформација на системот.
Lina Kostarova-Unkovska is a clinical psychologist, specialyst in trauma and crisis psychology, and principle investigator (PI) for HBSC Macedonia, since 1998. After 20 years of working at the University of Skopje, as a lecturer in clinical psychology and mental health, she founded the Center for Psychosocial and Crisis Action, as an independent professional agency, to respond to the urgent need for psychosocial assistance and support to individuals, groups and communities at risks, particularly children and youth facing poverty, inequality, and violation of their rights, in the midst of the fast transformation of the system.
Шерузе Османи Балажи / Sheruze Osmani Ballazhi
Шерузе Османи Балажи e доцент во областа на социјалната психологија на студиската програма Психологија при Филозофски Факултет, ДУТ, Тетово. Член е во Македонската Асоцијација за Трансакциска Анализа (MATA). Нејзиното поле на истражувањa вклучува: социјален и етнички идентитет, групни односи и интергрупни ставови. Се вклучи во HBSC истражувањето во 2006 како анкетар, а во 2010 како истражувач.
Sheruze Osmani Ballazhi is docent in the field of Social Psychology at the Department of Psychology, Faculty of Philosophy, State University of Tetovo. She is member of Macedonian Association for Transactional Analysis (MATA). Her field of research covers: social and ethnic identity, group relations, and intergroup attitudes. She is a member of the Macedonian HBSC team since 2006 – at the beginning as a field researcher and from 2010 on as researcher.
Калина Сотироска Иваноска/Kalina Sotiroska Ivanoska
Калина Сотироска Иваноска е вонреден професор на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзинте истражувачки интереси се насочени кон унапредување на училиштето и наставниот кадар со цел подобрување на здравјето и добросостојбата на младите. Активно се ангажира за практично подобрување на животите на младите.
Kalina Sotiroska Ivanoska is an associate professor at the Institute of Psychology at the Faculty of Philosophy in Skopje at the University “St. Cyril and Methodius” in Skopje. Her research interests focus on school and teaching staff improvement to upgrade youth health and well-being. She is actively engaged in the practical improvement of the lives of young people.
Маја Цветаноска / Maja Cvetanoska
Образованието на Маја е во областа на психологијата и градењето мир, а пак професионалниот фокус и е на изнаоѓање иновативни решенија во образованието и социјалната инклузија. Има работено на проекти за ран детски развој, правата на детето,
разрешување конфликти, интеграција на ИКТ во образованието, подготовка за вработување на млади, инклузија на деца и млади од ранливи групи, психо-социјална поддршка на децата бегалци, како и на проекти за подигање на свеста за правата на бегалците. Како претприемник, има основано градинка и НВО за да понуди алтернативни пристапи и во текот на своето речиси 25 годишно работно искуство има воведено иновации преку градење на професионални заедници за учење меѓу наставници и воспитувачи и примена на косоздавање (co-creation) со вклучување на млади. Во 2018 година се приклучува кон македонскиот тим на Студијата ХБСЦ.
Maja’s education is in psychology and peace-building, with a professional focus on finding innovative solutions in education and social inclusion. She has been working on projects for early childhood development, child rights, conflict resolution, ICT integration in education, youth employability, inclusion of vulnerable youth, psycho-social support to refugee children and awareness raising on refugee rights. communication and collaboration. As entrepreneur, she has established a kindergarten and an NGO to offer alternative practices and during her work she has successfully introduced innovation by creating teachers’ community of practice and professional learning communities for preschool teachers, as well as applying co-creation in youth related activities. She joined North Macedonia HBSC team in 2018.
Ибрахим Незири/Ibrahim Neziri
Ибрахим Незири е вонреден професор во областа на организациска психологија, психометрија и методологија, на студиската програма Психолохија при Филозофскиот Факултет, ДУТ, Тетово. Неговото поле на истражување вклучува: психолошки и социјални
работни услови, важноста и ефектите на семејната кохезија врз ефикасноста на вработените, како и методологија на научните истражувања, развиени вештини за статистичка обработка на податоци и умешно користи различни програми за собирање и обработка на податоци. Исто така се залага за подобрување на наставниот кадар во земјата, истражувајќи различни аспекти на нивното работење со што ја истакнува важноста на професијата наставник врз социјалното и ментално здравје на учениците. Во тимот на ХБСЦ е вклучен во 2021 година.
Ibrahim Neziri is an associate professor in the field of organizational psychology, psychometrics and methodology, at the Psychology study program at the Faculty of Philosophy, DUT, Tetovo. His field of research includes: psychological and social working conditions, the importance and effects of family cohesion on employee efficiency, as well as scientific research methodology, developed skills in statistical data processing and skillfully uses various programs for data collection and processing. It also advocates for the improvement of the teaching staff in the country, investigating various aspects of their work, thus highlighting the importance of the teaching profession on the social and
mental health of students. He is included in the HBSC team in 2021.
Лулјета Беџети/Luljeta Bexheti
Лулјета Беџети е доцент на Филозофскиот факултет на студиската програма Психологија при Универзитетот во Тетово. Докторските студии ги завршила на Европскиот Универзитет на Тирана, Република Албанија (2017), и дипломирала и магистрирала на Филозофскиот факултет во Тетово. Нејзините истражувачки интереси се од полето на организациската психологија, односите меѓу родовите, менаџирањето на човечките ресурси, психологија на комуникацијата, психологија на емоционалната интелигенција. Од 2021 година е дел од македонскиот ХБСЦ тим.
Luljeta Bexheti is a Full Professor in the Department of Psychology at the University of Tetovo, Republic of North Macedonia. She received her PhD in Psychology from the European University of Tirana, Рepublic of Albania (2017), and she received a B.S. and an M.S. from the Faculty of Philosophy in Tetovo. Specifically, her research interests are in the field of organizational psychology, gender relations, human resource management, psychology of communication, and psychology of emotional intelligence. Since 2021, she has been part of the HBSC Macedonian team.
Ана Попризова/Ana Poprizova
Ана Попризова е психолог и Гешталт терапевт. Над 20 години работи во средно училиште како професор по психологија и училиштен психолог. Претседателка е на Активот на стручни соработници на средните училишта на Град Скопје. Сака да работи со млади и покажува посебен интерес за психологијата на адолесцентите, ги познава нивните особини, период на развој и предизвиците со кои се соочуваат во образовниот процес и пошироко. Добро го познава образовниот систем и има искуство во работа и едукација на наставници, стручни соработници и родители. Ја интересираат и теми од менталното здравје, начините и методите за личен раст и развој на личноста.
Ana Poprizova is a psychologist and Gestalt therapist. She works in a high school as a psychology teacher and school psychologist for more than 20 years. She is the president of the Association of School Psychologist, Pedagogist and Special educators of Secondary Schools of the City of Skopje. She likes to work with young people and shows a special interest in the psychology of adolescents, knows their characteristics, developmentаl period and the challenges they face in the educational process and beyond. She knows the educational system well and has experience in work and education of teachers, professional associates and parents. She is also interested in topics from mental health, ways and methods for personal growth and personality development.
Иван Христов/Ivan Hristov
Иван Христов е училиштен психолог и гешталт психотерапевт под супервизија. Има долгогодишно искуство во работа со деца од училишна и предучилишна возраст. Има работено на домашни и странски проекти од областа на образованието, раниот детски развој, менторирање и инклузија. Исто така, тој е и обучувач од областа на психологијата и психолошката поддршка. Верува дека преку свесност, одговорност и поддршка можеме да го менуваме нашето однесување и да имаме поисполнето секојдневие. Дел од тимот на Студијата ХБСЦ е од 2022 година.
Ivan Hristov is a school psychologist and Gestalt psychotherapist under supervision. He has many years of experience in working with school and preschool aged children. He has worked on national and international projects in the field of education, early childhood development, mentoring and inclusion. He is also a trainer in the field of psychology and psychological support. He believes that through awareness, responsibility and support we can change our behavior and everyday life. He is part of the HBSC Study team since 2022.
Напишете коментар