До каде сме?! Јуни, 2015/ Where are we at? June, 2015

Анализата на резултатите е готова. Имаме готови табели за секој ајтем од прашалникот, со пресметани значајности на разликите, и поврзувања со FAS (Family Afluence Scale) скалата. FAS скалата, или скалата за имотност, во овој истражувачки циклус доби два нови ајтеми, и е важен индикатор за (не)еднаквоста во здравјето на децата. На сугестија на меѓународната мрежа, прикажани се две мерки за FAS, апсолутна имотност, и релативна имотност, а поврзаноста меѓу имотноста и другите ајтеми ја пресметавме со релативната мерка, со претпоставка дека таа подобро ја отсликува реалната имотност на луѓето/децата во секоја земја, и во Македонија.

Сето ова е направено благодарение на Теодора, и со помош од Ана. Едно големо браво за двете, за одлично завршената работа. Ќе има уште анализи, во обработка на трендовите, национални и меѓународни. Следи поделба на темите меѓу членовите на тимот, и отпочнување со пишување на матерјалите за националниот извештај.


Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *